Трка за територија сезона 5
- Почеток на 25.05.2022 во 15:00 часот, време по сервер [GMT +2]
- Времетраење - 21 дена
- Бесплатен влез.
Општи услови
- Се допуштаат регистрации единствено на профили над 20-то ниво. За профилите од верзија 5, каде што нема нивоа, условот е тие да бидат на повеќе од 500 нето економски поени и да се регистрирани пред повеќе од 1 седмица. Официјално вработените во Imperia Online немаат право на учество.
Правила на игра во турнирот
- Брзина на развој на Империите - Мега Блиц (x10) – десет пати побрзо од нормалното.
- Сите играчи ќе започнат со по 1 милион од секој ресурс и бонус предмети.
- Сојузите се ограничени до максимум 10 членови.
- На мапата има 36 замоци.
- Преземањето на сојузни замоци ќе се случува преку нов модул - преданост. Успешните опсади против сојузен замок нема да намалуваат нивоа од неговата тврдина, а ќе одземаат поени од нов показател "преданост". Секој замок ќе има максимално допуштена преданост во зависност од нивото на неговата тврдина. Единствениот начин за зголемување на преданоста е преку време - на секои 12 минути таа се покачува со 2 поени до достигнување на дозволениот максимум. Кога еден сојуз ќе изврши успешна опсада на тврдина против даден замок, од замокот ќе се одземе одредено количество преданост. Точната вредност на одземеното ќе се одредува од ново сојузно истражување - "Освојувач". Колку е повисоко неговото ниво, толку повеќе поени преданост ќе можат да се одземат со 1 удар. Замокот се смета за преземен кога сојуз ќе успее да ја намали неговата преданост до 0. Истражувањето има и втор ефект - ја зголемува почетната преданост при преземање на замок, независно дали тој е независен или е одземен од друг сојуз. Независните замоци немаат преданост. Еден независен замок се смета за освоен кога во него ќе останат помалку од 1000 единици.
- За да освоите замок што е веќе во сопственост на противнички сојуз, треба да имате истражено најмалку 1 ниво Освојувач.
- Кон секој замок, контролиран од сојуз, ќе се пуштаат растечки по ниво номадски напади на секои 2 часа. Секој запрен напад ќе дава заштитни поени. Замокот може истовремено да биде напаѓан и од други сојузи.
- Секој следен номадски напад ќе биде од повисоко ниво и ќе биде посилен од претходниот, но ќе дава и повеќе заштитни поени. Секој номадски напад е видлив за сите играчи во светот. Загубата на номадски напад значи и автоматска загуба на замокот.
- Поените се даваат како што следува: прво ниво запрен напад носи 5 заштитни поени, а секој следен носи по 1 поен повеќе од претходниот. На секои 10 напади, поените разлика се зголемуваат со 1. Пример: 5,6,7,8,9,10,11,12,13,15,17,19,21,23,25,27,29,31,33,36,39
- Заштитните поени за секој замок се собираат внатре во него.
- Во случај на загуба на номадски напад собраните заштитни поени не се губат и се додаваат кон вкупниот резултат на сојузот.
- Ако замокот биде преземен од друг сојуз, тој сојуз автоматски ги презема и сите заштитни поени кои се собрани во него. Замокот е заштитен од напади на други сојузи за период од 30 минути после преземањето, но не е заштитен од номади.
- Новиот сопственик на замокот ја продолжува заштитата на замокот од номадски напади од нивото кое го достигнал претходниот сопственик.
- Ако биде загубен номадски напад, замокот станува независен и може повторно да биде преземен од сојуз, но најрано после 2 часа.
- Откако независниот замок ќе биде повторно преземен од сојуз, номадските напади кон него почнуваат од најниското ниво.
- Номадските напади нема да даваат злато од снабдувачка пратка.
- Номадските напади ќе се зголемуваат со сила од 5% на ден.
- За секој замок кој е во сопственост на сојуз, номадските напади кон него ќе се зголемуваат со сила од 5%.
- Лимитот на војска која може да биде распоредена во сојузен посед е зголемен на 500 милиони единици.
- Цената и времето за изградба на големиот храм се намалени за 2 пати.
- Бонусите и негативните ефекти за профил што е под влијанието на замок, се зголемени за 4 пати.
- Нема Турнири.
- Нема мод Одмор.
- Ќе бидат достапни Пештерите на Освојувањето.
- Преку донирање на лични предмети во сојузната ризница ќе може да се изработуваат сојузни предмети, кои ќе се користат за сојузни цели. За изработката на 1 сојузен предмет ќе бидат неопходни 20 лични предмети од истиот вид. Изработката ќе одзема определено време. Можат да се донираат како постојани, така и привремени предмети, со тоа што веќе изработените сојузни предмети секогаш ќе бидат привремени. Користењето ќе биде по аналогија на личните предмети - од Командниот центар на сојузен посед, соодветно во одбрана во таб Распоредување, во напад во таб Напад.
- Ќе биде достапно Профилирање на лична и сојузна војска.
- Ќе бидат достапни Подобрени лични и сојузни тврдини.
Рангирање
- Рангирањето е според вкупниот резултат од собрани заштитни поени. Во случај на еднакви заштитни поени, предимство има сојузот со повеќе нето економски поени.
Награди:
- Играчите од сојузите на првите 3 места во крајното рангирање ќе добијат медали за шампиони на Трка за територија во своите профили.
- Играчите од сите сојузи кои успеале да запрат најмалку еден номадски напад ќе добијат орден Заштитник.
- Играчите од сојузите рангирани во топ 25 ќе добијат медали за учесници во Трка за територија.
- Сојузите рангирани на првите 25 места во крајното рангирање ќе добијат дијаманти како што следува: за 1-во место - 5 000 000 привремени дијаманти, за 2-ро место – 3 000 000 привремени дијаманти, за 3-то место – 2 000 000, за 4-то место – 1 500 000, за 5-то место – 1 250 000, од 6-то место до 10-то место – 1 000 000 на сојуз, од 11-то место до 25-то место – 750 000 на сојуз.
*Сите дијаманти ќе бидат поделени под форма на ваучери со е-пин.
*Тимот на Империја Онлајн го задржува правото да ги променува правилата на турнирот во секој момент, без претходно предупредување и објаснување на учесниците.